Електронски Отпад

Екоцентар97 се залага за спроведување на законот за електронски отпад, и врши превземање и рециклирање на електронски и електричен отпад, по сите стандарди и нормативи.

 

Зависно од обемот, Екоцентар97 своите услуги за превземање на е/е отпад ги нуди на:

 

 

 

Што е електронски / електричен отпад

 

Во многу случаи,видливиот дел на електронскиот производ е неговата надворешна школка.Освен ако обвивката е скршена ние ретко можеме да ги видиме огромниот број на електронски плочи,жици и електрични приклучоци кои прават всушност уредот да функционира.Но тие внатрешни механички органи исто така се и токсични.Збир од тешки метали и други хемиски соединенија демнеат во нашиот лаптоп или телевизија.Е-отпадот содржи состојки како олово,жива,арсен,бакар,хром,никел,цинк кои претставуваат потенцијални ризици по нашето здравје.
Е-отпадот е токсично наследство на нашата дигитална ера. Нашиот електричен отпад ја загадува водата за пиење и му штети на целиот екосистем во светот. Време е да се реши тој проблем.

1
2
3

Придобивки од рециклирање на е/е отпад

 

Зачувување на природните ресурси. Рециклирањето обновува вредни материјали од стара електроника што може да се користат да се направат нови производи.
Заштита на Вашата околина. Безбедното рециклирање на застарена електроника промовира здраво управување на токсични хемикалии како што се олово и жива.
Создавање нови работни места. Рециклирањето создава работни места за професионални рециклирачи и создава нови пазари за вредните компоненти кои се укинати.

 

ВИДОВИ НА ОТПАД:

ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

• Статични и лаптоп комјутери
• Тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки
• Домашни телефони и мобилни телефони
• MP3 players
• Дигитални камери и видео камери
• Принтери, скенери и факс машини
• Стерео системи

ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

• Шпорети
• Машини за перење садови и облека
• Греалки и грејни тела
• Микробранова печка
• Машина за правење леб,апарат за кафе и други апарати од домаќинство
• Клима уреди

 

Закон за управување со електронски отпад

 

Со Законот за е-отпад pовеќе нема да може да се фрлаат старите уреди заедно со останатиот комунален отпад, туку ќе се постават соодветни локации за нивно оставање.
Законот за е-отпад подразбира информирање на граѓаните и компаниите како да се справат со отпадот, воспоставување на подобри стандарди за заштита на животната средина и рециклирање, забрана за токсични супстанци и соодветно справување со нив, и правилно означување на опреамата за да може да се сортира одделено од комуналниот отпад.
Дополнително сите производители (тука спаѓаат и увозниците и продавачите) на електрична и електронска опрема ќе мора да понудат механизам за собирање и ослободување на старите уреди за своите муштерии. Односно при секој продаден производ ќе имаат обврска да го земат назад стариот уред.

Листа на видови производи што спаѓаат во Електронски отпад