За Нас

Екоцентар 97 е компанија/фирма која се занимава со откуп, собирање и примарна преработка на отпад кој содржи обоени и необоени метали. Покрај откуп и преработка на самите метали, нашата компанија се занимава со отпад од електрична и електронска опрема, стари возила, акумулатори, батерии и кабли. За повеќе информации погледнете во секцијата Услуги или контактирајте нè.

Мисијата на Екоцентар 97 е да ги намали штетните и опасни материјали во природата и да спречи понатамошно загадување со цел да се обезбеди поздрава и почиста животна средина.

Мисијата на Екоцентар 97 е да го намали количеството на отровни и опасни материјали во природата, како и нивните негативни ефекти врз животната средина. Покрај тоа, нашата цел да се зачуваат оскудните материјали преку пракса и промоција на принципот “рециклирај и реупотреби”.

Тим и кратка историја

Фирмата Екоцентар 97 е основана во 1997 година од страна на Владо Момировски кој што ја води фирмата од самиот почеток. На самиот почеток Екоцентар 97 се занимаваше само со откуп и собирање на обоени и необоени метали, но подоцна започна да работи и со хаварисани возила, кабли, акумулатори и батерии. Од неодамна Екоцентар започна да собира електичен и електронски отпад, се со цел правилно управување со отпадот и заштита на животната средина. Како резултат на иновативност и високо ниво на стручност Екоцентар 97 во последните години стана една од водечките фирми во својата дејност, не само во Македонија туку и во регионот.

Тимот на Екоцентар 97 е составен од искусни професионалци со богато познавање од областа на индустријата за рециклажа кое што има клучно значење во остварувањето на мисијата на нашата компанија. Во моментов Екоцентар 97 вработува околу 30 лица, секој посебно обучен и со потребните квалификации за ефикасно извршување на задачите. Искуството и експертизата на нашиот тим во оваа област се клучните компоненти за успехот на компанијата.