Рециклирање на метали

Примарна дејност на Екоцентар 97 е откуп, селекција, преработка и транспорт на секундарни метали, односно необоени (железо, челик) и обоени (бакар, алуминиум, месинг, цинк, калај, хром, олово, никел итн.). Цените на металите зависат од светската берза и понудената количина и квантитет.

Откуп на стари акумулатори и батерии

Екоцентар 97 откупува стари, истрошени акумулатори со цел да спречи загадување на природата.

Акумулаторите и батериите не претставуваат посебен ризик за животната средина додека правилно се употребуваат во домаќинствата и индустријата, но порано или подоцна доаѓа крајот на нивниот животен век. Неправилното управување со акумулатори и батерии е ризично бидејќи тие содржат тешки метали како олово, кадмиум и жива кои имаат штетни последици по животната средина и човековото здравје. Од друга страна, дури 98% од секој акумулатор или батерија може да се рециклира. Поради тоа, професионално и правилно управување е задолжително со цел да се избегнат несаканите последици.

Рециклирање на искористени автомобили

Возилата кои што се неисправни и повеќе не може да се користат во сообраќајот, препорачливо е да се демонтираат бидејќи во нивниот состав има значајно количество на железо, алуминиум и бакар кои што се погодни за рециклажа. Екоцентар 97 ги демонтира старите возила, а потоа ги селектира различните типови на метал и ги транспортира до соодветните компании на понатамошна преработка.

Рециклирање на кабли

Поради примената на бакар и алуминиум при нивното производство старите кабли кои повеќе не се во употреба, се одличен материјал за рециклирање. Освен тоа, изолацијата најчесто е произведена од гума или различни видови на пластика и PVC кои што се посебно штетни за животната средина. Екоцентар 97 користи посебни методи за делење на металот од изолацијата и со тоа постигнува двоен ефект. Металите се процесираат за понатамошно рециклирање, а изолацијата се разградува и со тоа се намалува штетниот ефект кон околината. Цената на откупот на каблите се определува според составот односно уделот на металите во составот.

Рушење и демонтажа на објекти и опрема

Располагаме со соодветна опрема и кадар за рушење на објекти од метални конструкции и демонтажа на опрема од метални делови.

Анализа со XRF спектрометар

Екоцентар 97 врши услуги на анализа на хемиски состав на сите видови легури со атестиран XRF уред за што и даваме комплетна соодветна документација.