Физички лица

Во голем процент електронскиот отпад во Р. Македонија е оставен во природата со што повеќекратно се зголемени токсините во воздухот кој доведуваат до голем број сериозни болести. Електричниот и електронскиот отпад содржи состојки како олово, никел , цинк , жива, бакар, хром, арсен кој претставуваат потенцијален ризик за нашето здравје.
Е/Е отпадот е токсично наследство на нашата дигитална ера, ја загадува водата за пиење и му штети на нашиот еко систем.

Многу домаќинства во Македонија ги чуваат своите неисправни и дотраени електронски и електрични апарати без никаква цел, со што директно си го загрозуваат здравјето на целото семејство и околината.

Екоцентар97 е со сериозна намера да го реши овој проблем преку рециклирање на токсичниот е/е отпад.

Зависно од обемот и количината Екоцентар97 врши бесплатно превземање на вашиот е/е отпад, доколку поседувате над 5 (пет) габаритни неупотробливи уреди.

За сите субвенционирани артикли следува и паричен надомест.

За сите информации и цени ве молиме обратете се на 02 2 551 248 или 078 202 326 или contact@ekocentar97.mk