Телефонски Број: +389 2255 1068

За Нас

Историја

Друштвото за собирање и примарна обработка на отпадоци  Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје е основано во 1997 со 100% домашен капитал. Основна дејност е откуп, селекција, преработка и транспорт на секундарни суровини, како необоени (железо и челик) и обоени метали (бакар, алуминиум, месинг, калај, олово, никел и сл.). Компанијата Екоцентар 97 активно се занимава со рециклирање повеќе од 20 години и низ годините, согласно потребите на пазарот ја има проширено и својата дејност.

Веднаш по основањето, компанијата исто така започнува да се занимава и со откуп и рециклирање на стари автомобили, акумулатори и превземање на отпадни гуми. Препознавајќи дека сите овие материјали во себе опасни материи на кои што им е потребен соодветен третман, а воедно содржат суровини кои што може повторно да се употребат во производство, во рамките на компанијата се формираа и посебни сектори за складирање и третман на ваквиот вид на отпадните материјали.

Со донесувањето на Законот за Управување со Електричен и Електроснки Отпад, отпадни батерии и отпадни тонери, во рамките на своето седиште формираше посебен сектор за складирање и преработка на ваков тип на отпад.

Екоцентар 97 низ годините на својот развој има реализирано голем број на успешни проекти кои се од општествено значење. Како резултат на тоа, Екоцентар 97 во последните години стана една од водечките фирми во својата дејност, не само во Македонија туку и во регионот.  Денес Екоцентар 97 успешно соработува со голем број локални и меѓународни компании.


1997

Основање на Екоцентар 97

2012

Сектор за ее-отпад

2013

Прв ISO сертификат

2015

Рециклирање на батерии и акумулатори


Тим

На самиот почеток компанијата Екоцентар 97 имаше само 10 вработени, за денеска таа бројка да достигне 35 вработени. Тимот на Екоцентар 97 е составен од искусни професионалци со богато познавање од областа на индустријата за рециклажа кое што има клучно значење во остварувањето на мисијата на нашата компанија. Во зависност од својата позиција, вработените ги имаат потребните квалификации за ефикасно извршување на задачите. Воедно, вработените имаат континуирана обука, согласно трендовите и побарувањата на пазарот. Искуството и експертизата на нашиот тим во оваа област се клучните компоненти за успехот на компанијата.

Опрема

Со цел поефикасно и поефективно да се извршуваат работните обврски, компанијата располага со сопствена логистича мрежа и тоа товарни возила со грајфер и без грајфер кои достигнуваат тежина и до 15 тона,  АДР возила, комбиња, пикап и автомобили.

Компанијата покрај сопствената логистичка мрежа располага и со соодветна опрема и машини во кои се вбројуваат преса за балирање, багери, рачни виљушкари и моторни виљушкари и дигалки. Најразлична опрема и алат за расклопување и сортирање на електричен и електронски отпад, XRF спекторметар, експлозиометар,  како и специјализирана машина третирање на отпадни тонери.

Мисија

Мисијата на Екоцентар 97 е да биде иновативен и сигурен партнер за своите клиенти и да обезбеди професионални и квалитетни услуги. Со тоа, ние и нашите клиенти заедно рециклираме и учествуваме во заштита на животната средина.

Мисијата ја остваруваме преку континуирана обука на нашите вработени, следење на светските трендови и имплементирање на нови, иновативни практики.

Визија

Визијата на Екоцентар 97 е чиста животна средина кон која се стремиме преку намалување на количеството на отровни и опасни материјали во природата, како и нивните негативни ефекти врз животната средина.

Екоцентар 97 е општествено одговорна компанија која што со години е активно вклучена во промовирање на индивидуална и корпоративна одговорност, како и промовирање на одржливи, еколошки, здрави и економични практики кои што позитивно влијаат на целокупното општество.  Нашата компанија се залага за рециклирање, бидејќи со тоа отпадот да се претвора во ресурс корисен во производство на нови материјали.

Со цел да промовира здрав начин на живот, нашата компанија дава поддршка за многубројни културни манифестации и спортски настани како велосипедизам, планинарење, бокс, фудбал и ракомет.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАШИТЕ НОВОСТИ!

dev