Известување за процедури и протоколи за превенција од ширење на Коронавирусот (Covid-19) во Екоцентар 97
Почитувани,
Согласно мерките за спречување на ширење на Коронавирус Covid-19 воведени од страна на Владата на Република Северна Македонија, Екоцентар 97 ги воведе следните мерки за превенција и заштита на сите вработени и клиенти:
- Со цел да се намали фреквенцијата на луѓе во просториите на компанијата, Ве известуваме дека престануваме со откуп на секаков вид на отпад од физички лица, вклучувајќи стари возила, обоени и необоени метали и електронски отпад;
- Продолжуваме со ограничена работа односно преземање на отпад од правни субјекти, но Ве молиме да ни се јавите однапред со цел да се координираме за Вашата посета. Ве замолуваме да ја одложите Вашата посета, доколку сметате дека преземањето на отпад не е итно;
- Сите клиенти кои што ќе дојдат во просториите на Екоцентар 97 се замолуваат да одржуваат растојание од 1.5 метри од вработените и од останатите клиенти;
- Доколку лично сте патувале или сте биле во контакт со некој што патувал во некоја од земјите со висок или среден ризик согласно Листата на Светска Здравствена Организација (Италија, Кина, Германија, Франција и др.), Ве молиме да ја одложите Вашата посета на Екоцентар 97 со цел да не ги изложувате на ризик нашите вработени и останатите клиенти.
Овие процедури и протоколи стапуваат на сила веднаш и важат се додека се на сила забраните, мерките и препораките од надлежните институции.
Како општествено одговорна компанија Екоцентар 97, Ве замолува да се придржувате кон овие мерки и препораки со цел заштита на нашето здравје. Доколку Ви се потребни дополнителни информации контактирајте нé на телефонскиот број +389 2 255 1068 или на e-mail contact@ekocentar97.com
Однапред Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје
Во ред