background image

Батерии

Отпадните преносни батерии содржат високотоксични и запаливи материи како жива, никел, кадмиум, литиум и др. Поради опасноста овие токсични материи да истечат во почвата или водата и да предизвикаат огромна штета на животната средина и на здравјето на луѓето, се препорачува веднаш по нивната употреба да ги оставите на означените јавни собирни места, за потоа тие да бидат преземени и третирани соодветно.

Акумулаторите содржат тешки метали како олово, кадмиум, киселина и жива кои се опасни за човековото здравје и за животната средина. Поради тоа, не е безбедно физички или правни лица самостојно да ги складираат и чуваат.

Од друга страна, дури 98% од компонентите на акумулаторот може да се рециклираат, па затоа треба да се предадат на овластен рециклатор.

image

Поради својствата на материите што ги содржат, отпадните батерии и акумулатори се класифицираат како опасен отпад.

image

Екоцентар 97 нуди услуги за преземање и управување со отпадни батерии и акумулатори и за правни лица и за физички лица. За количина поголема од 500 кг отпадни батерии и/или акумулатори, Екоцентар 97 организира транспорт и преземање од локација.

За правни лица кои се членови на колективен постапувач, трошоците за преземање, транспорт и третман на отпадни батерии ги покрива самиот колективен постапувач, додека оние што не се, имаат обврска самите да ги подмират трошоците за овој тип услуги кон Екоцентар 97.

Физичките лица можат бесплатно да ги одложат отпадните батерии во собирните места поставени од страна на колективните поставувачи. Бидејќи отпадните батериите немаат економска вредност, Екоцентар 97 првенствено ги складира, а потоа ги испраќа на целосно уништување во специјализирани инсталации во земјите на ЕУ.

За подетални информации во врска со цените за откуп на отпадни акумулатори и преземање отпадни батерии, контактирајте нѐ на contact@ekocentar97.com или на +389 2 255 1068