Телефонски Број: +389 2255 1068

Метали

Примарна дејност на Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје е откуп, селекција, преработка, рециклирање и транспорт на отпадни секундарни суровини, необоени и обоени метали.

Во групата на отпадни необоени метали спаѓа железото со сите свои легури, и тоа: сурово железо, челик и феролегурите. Во оваа група се класифицира и нерѓосувачкиот челик (инокс) кој што за разлика од останатите необоени метали нема магнетно својство.

Од друга страна, отпадните обоени метали немаат магнетно својство, а во оваа група на метали спаѓаат бакар, алуминиум, месинг, цинк и други.
Со цел прецизно да се одреди видот и квалитетот на металите најдобро е да се направи анализа на хемиските и физичките својства. Во Екоцентар 97 тоа се спроведува со помош на уредот XRF Спектрометар кој дава детална анализа на составот и видот на металите.

Цените за откуп на отпадните обоени и необоени метали Екоцентар 97 ги формира врз база на секојдневното следење на движењата на светските берзи за тргување со метали, како и моменталната понуда и побарувачка на пазарот.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАШИТЕ НОВОСТИ!

 

dev