
Основана во 1997 година, Екоцентар 97 е една од најголемите компании што се занимаваат со управување со отпад во Македонија. Благодарение на долгогодишното искуство во областа и континуираното вложување во обука на вработените и во современа опрема, компанијата денес нуди сеопфатно решение за преземање и управување со опасен и неопасен отпад.
Примарна дејност на компанијата е собирање, селекција, примарна преработка и транспорт на секундарни суровини, вклучувајќи необоени и обоени метали. Во соработка со долгогодишни партнери од Германија и од Италија, од почетокот до денес Екоцентар 97 обезбедува извоз на најголем дел од преземените отпадни метали.
Преку проширување на услугите и соработка со компании од различни бизнис-индустрии, компанијата повеќе од 25 години активно промовира индивидуална и корпоративна општествена одговорност и одржливи и еколошки практики за заштита на животната средина.
Следејќи ги светските искуства и практики во управувањето со отпад и развојот на националната регулатива, во 2012 г. Екоцентар 97 го развива секторот за складирање и преработка на електричен и електронски отпад, отпадни батерии и отпадни тонери.
По долгогодишно, богато искуство и експертиза во третман и рециклирање на отпадни возила, гуми и акумулатори, во 2015 година се формираат дополнителни сектори за соодветен третман на отпадните опасни материи содржани во овие типови отпад, како и за складирање компоненти од нив кои понатаму можат повторно да се употребат во производството.
Во 2017 година се формира и секторот за опасен отпад, кој вклучува мрежа на сигурни партнери за управување со опасен отпад од цела Европа. Благодарение на соработката со најистакнатите постројки за третман и уништување опасен отпад во Швајцарија, Германија, Австрија, Грција и во Франција, денес Екоцентар 97 е водечка компанија за управување со опасен отпад во земјата и може да понуди сеопфатно решение за најразлични типови опасен отпад.
Во 2023 година Екоцентар 97 го формира секторот за преземање и третман на отпадни масла.
01
1997
Основање на Екоцентар 97
02
2012
Сектор за ее-отпад
03
2013
Прв ISO сертификат
04
2015
Сектор за рециклириње на батерии и акумулатори
05
2017
Сектор за опасен отпад
06
2023
Сектор за отпадни масла
Мисија
Мисијата на Екоцентар 97 е да биде иновативен и сигурен партнер во управувањето со отпад и да обезбеди професионални и квалитетни услуги за своите клиенти со цел заштита на животната средина.
Визија
Визијата на Екоцентар 97 е чиста животна средина преку намалување на количеството на отровни и опасни материјали во природата, како и минимизирање на нивните негативни ефекти врз животната средина.
Политика за квалитет
Во Екоцентар 97 посветени сме на обезбедување висококвалитетни услуги за управување со отпад што ги исполнуваат и надминуваат очекувањата на нашите клиенти и останати засегнати страни. Нашата посветеност на квалитетот е основа на нашето работење и се рефлектира во секој аспект од нашата испорака на услуги.
Ние сме посветени на:
Задоволство на клиентите: Приоритет ни е задоволството на клиентите кое целиме да го постигнеме преку разбирање на нивните потреби, обезбедување безбедни, навремени и ефикасни решенија за управување со отпад и одржување на отворена комуникација.
Усогласеност и стандарди: Строго се придржуваме до сите релевантни закони, стандарди и најдобри практики во управувањето со отпадот. Нашите услуги се спроведуваат со главен фокус на еколошките принципи, безбедноста и законската усогласеност.
Континуирано подобрување: Поддржуваме култура на постојано подобрување на нашите услуги со редовна евалуација на ефикасноста на нашите процеси, идентификување области за подобрување и имплементирање на корективни и превентивни активности за да се поттикне најквалитетна услуга.
Развој на вработените: Ги цениме нашите вработени како клучни придонесувачи за нашиот успех. Екоцентар 97 им ја обезбедува потребната обука и ресурси за едукација. Воедно, ги мотивираме вработените да се вклучат во активностите поврзани со подобрување на квалитетот и да придонесат со своите предлози.
Иновации и ефикасност: Активно ги следиме новите иновации и технологија за да ги оптимизираме нашите процеси за управување со отпад, да ја подобриме ефикасноста и да го минимизираме влијанието врз животната средина, обезбедувајќи одржливи практики во сите наши операции.
Соработка со добавувачи: Одржуваме долгогодишна соработка со нашите добавувачи и партнери, преку воспоставување на силни врски, отворена комуникација со цел да се одржат истите високи стандарди за квалитет и доверливост кои што ги одржуваме интерно во нашата компанија.
Управување со ризик: Ние проактивно ги идентификуваме и намалуваме ризиците поврзани со квалитетот, влијанието врз животната средина, здравјето и безбедноста, обезбедувајќи безбедна и сигурна работна средина за нашите вработени и за останатите засегнати страни.
Оваа Политика за квалитет служи како рамка за поставување и преглед на целите за квалитет, осигурувајќи се дека постојано ги подобруваме нашите процеси и услуги, а спроведување на политиката за квалитет останува одговорност на секој вработен во Екоцентар 97.