Отпадните преносни батерии содржат високо токсични и запаливи материи како жива, никел, кадмиум, литиум идр. Поради опасноста овие токсични материи да истечат во почвата или водата и да предизвикаат огромна штета на животната средина и на здравјето на луѓето, се препорачува веднаш после нивната употреба да ги оставите на означените јавни места, за потоа тие да бидат преземени и третирани соодветно.
Бидејќи отпадните батериите немаат економска вредност, Екоцентар 97 првенствено ги складира а потоа ги испраќа на целосно уништување во специјализирани инсталации во соседните држави. Во изминатиов период се спроведуваа едукативни работилници и тоа најчесто во градинките и училиштата каде што децата од најмала возраст учат како да ја зачуваат животната средина, а потоа и за начинот како да се справат и заштитат од ваквите отпадни предмети кои се дел од нашето секојдневие.