
Брзиот технолошки развој и краткиот животен век на уредите во последните години значително го зголемија процентот на електронски и електричен отпад во вкупниот отпад на светско ниво.
Со цел да одговори на потребите на пазарот, како и да ги намали негативните ефекти врз животната средина и врз здравјето на луѓето предизвикани од опасните материи содржани во електронскиот и електричен отпад, секторот за електричен и електронски отпад на Екоценатр97 нуди услуги за преземање, транспорт и третман на електронски и електрични уреди и за правни и за физички лица.
Правни лица

По донесувањето на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема во Република Северна Македонија, компаниите имаат законска обврска да ја предадат отпадната електрична и електронска опрема во овластена компанија која понатаму ќе постапи согласно позитивните законски прописи и правилници.
Екоцентар 97 располага со специјализирани возила со кои се подигнува ваквата отпадна опрема од компаниите, за што се издава и соодветна документација како доказ за понатамошниот третман на отпадната опрема.
Физички лица
Имајќи предвид дека физичките лица, односно домаќинствата се корисници на најголем процент од електричната и електронската опрема, во рамките на овој сектор редовно се организираат и акции за прибирање ее-отпад од физички лица во различни општини низ државата.
За време на акциите, сите физички лица што имаат нефункционална отпадна електрична и електронска опрема можат да ја одложат на пунктови наменети за ее-отпад. Во меѓувреме, ее-отпадот може бесплатно да се одложи во собирните места поставени од страна на колективните постапувачи.
Наскоро нова мобилна апликација за селекција на ее-отпад за физички лица.
