Еден од најголемите и најзначајни проекти од широкото портфолио на компанијата е отстранување индустриски опасен отпад од поранешната Органо-хемиска индустрија – Скопје (ОХИС), која беше напуштена повеќе од 20 години. Проектот беше многу комплексен и вклучуваше идентификација, преточување, препакување и транспорт на приближно 200 тони опасен отпад. Како реализатор на проектот, Екоцентар 97 беше исто така задолжен за административните процедури, односно добивање извозни документи и нотификација за прекугранично движење на отпад од транзитните држави и крајната дестинација.
Проектот опфати отстранување и финално третирање на 5 типа органски пероксиди, акрилонитрил мономер, метанол, метил акрилат, винил хлорид мономер, акрилна киселина, изобутанол, деканол фосфат и други.
Овој проект е од големо социо-еколошко значење за Република Северна Македонија бидејќи беше успешно елиминирано едно од најголемите контаминирани жаришта во земјата, кое претставуваше сериозна закана за здравјето на луѓето и за животната средина.