background image

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Во исполнувањето на својата визија за чиста животна околина, во своето долгогодишно работење Екоцентар 97 честопати ги поддржува проектите чија цел е да ја подигнат свеста за управувањето со отпадот и важноста од правилно постапување со него.

Покрај директното дејствување во областа на управување со отпад, Екоцентар 97 дополнително го истакна значењето на рециклирањето и реупотребата на отпадот со поддршка и промоција на делата на уметничката Маја Стојковска, која создава рачно изработен накит од електронски отпад кој беше претставен на изложби во Пекинг, Њујорк, Минхен и Виена.

Галерија

Екоцентар 97, исто така, беше дел од серија едукативни работилници наменети за деца од претшколска и школска возраст низ кои тие учеа како да ја зачуваат животната средина преку правилно постапување и одлагање на различни типови отпад.

Компанијата дополнително им дава поддршка на многубројни културни манифестации и спортски настани и организации, меѓу кои е и долгогодишната поддршка за Кајак кану клуб Илинден 90 Скопје.

Галерија