
Со цел да одговори на потребите за супериорна услуга и максимална безбедност при управување со отпад, Екоцентар 97 континуирано вложува во унапредување и надополнување на опремата, машините и возилата за работа, како и во континуирана обука на вработените.
Тимот на Екоцентар 97 го сочинуваат 35 професионалци со богато искуство и познавање во полето на рециклирање и ракување со опасен и неопасен отпад. Во зависност од својата позиција, вработените ги поседуваат потребните вештини и квалификации за ефикасно извршување на зададените задачи. Вработените добиваат континуирана обука во зависност од типот на отпад со кој ракуваат и потребите на пазарот.
Вработените поседуваат современа заштитна антистатичка опрема која вклучува и гас-маски со филтер за заштита од органски и од неоргански гасови и пареи, киселински гасови, сулфур диоксид (SO2), амонијак (NH3) и негови деривати.
Екоцентар 97 располага со сопствена логистичка мрежа на возила, комплетно опремени и специјализирани за транспорт на опасен и неопасен отпад. Компанијата располага со товарни возила со ADR дозвола кои се специјализирани за транспорт на опасни материи.
Опремата за ракување со опасен отпад вклучува aнтистатички пумпи, пластични и иноксни танквани, мобилно антистатичко осветлување, а во возилата и машините што се користат се инсталирани искрофаќачи.
Главен приоритет при работата со опасен отпад е превенција и заштита од несакани последици врз здравјето на луѓето и врз животната средина. Во работењето континуирано се користат преносливи детектори за гас MSA ALTAIR 5 Multi-gas и Honeywell BW Ultra Multi-Gas Detector, кои детектираат присуство на експлозивни гасови, токсични гасови, испарливи органски соединенија, неоргански соединенија и друго.