background image

За поефикасно и поефективно извршување на работните обврски, компанијата располага со сопствена логистичка мрежа за транспорт на секаков вид материјали, која се состои од товарни камиони, комбиња и пикап-возила.

Kомпанијата има доволен капацитет ваквата услуга да им ја понуди и на другите компании што немаат сопствен возен парк. Со цел да се запазат сите законски регулативи, компанијата поседува соодветни лиценци и дозволи, како Лиценца за вршење јавен превоз и Дозвола за вршење дејност собирање и транспортирање на комунален и друг вид неопасен отпад.

Цената за овој вид услуга се формира врз основа на извозен километар, а како главен фактор се зема движењето на цената на горивото на домашниот пазар.