
Од самото основање Екоцентар 97 примарно се занимава со откуп, селекција, преработка, рециклирање и транспорт на отпадни необоени и обоени метали и секундарни суровини.
Во групата на отпадни необоени метали спаѓа железото со сите свои легури, и тоа: сурово железо, челик и феролегури. Во оваа група се класифицира и не’рѓосувачкиот челик (инокс) кој, за разлика од другите необоени метали, нема магнетно својство.
Од друга страна, отпадните обоени метали немаат магнетно својство, а во оваа група на метали спаѓаат бакар, алуминиум, месинг, цинк и други.
Препознавајќи дека сите овие типови метали содржат опасни материи (тешки метали) за кои е потребен соодветен третман, а истовремено содржат компоненти што можат повторно да се употребат во производството, Екоцентар 97 разви дополнителни сектори за складирање и третман на овој тип отпадни материјали.
Прецизното одредување на видот и квалитетот на металите се спроведува со помош на XRF спектрометар, кој дава детална анализа на составот и видот на металите.

Во рамките на секторот за метали се третираат и моторни возила кои се неисправни, нефункционални или повеќе не ги задоволуваат критериумите на ЕКО-стандардите за употреба. Ваквите возила се предмет на рециклирање.

Стручните лица на Екоцентар 97 првично ги демонтираат возилата, а потоа се сортираат металите, текстилот, стаклото, гумите, како и опасните супстанции (антифриз, масло, фреон, глицерин) што ги има во автомобилите.
Отпадните кабли, чиј состав најчесто вклучува бакар или алуминиум, се значаен ресурс за идно производство на нови материјали за иста или слична употреба. Но, отпадните кабли исто така содржат гума и пластика кои претставуваат опасност за животната средината доколку се горат или несоодветно се третираат. Преку посебни методи и специјализирана опрема Екоцентар 97 соодветно ги третира и разделува металите од материјалите за изолација (најчесто гума или пластика), по што тие може понатаму соодветно да се процесираат во понатамошни фази на рециклирање.