Ја изработува и се грижи за спроведувањето на годишната програма на правните лица
Ја следи тековната состојба во управувањето со отпадот
Презема активности и мерки за намалување на создадениот отпад
Се грижи за спроведување и примена на постапките за постапување со отпад согласно со овој закон или друг пропис
Води евиденција и изготвува извештаи и ги спроведува обврските согласно со членот 50 на овој закон и прописите за управување со отпад
Изготвува извештаи за несреќи или хаварии кои можат да настанат при постапувањето со отпадот
Ги информира одговорните органи, односно одговорните лица во правното лице за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и предлага конкретни решенија
Ги контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и се отстранува, како и на секундарната суровина
Правните лица кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад или повеќе од 100 тони неопасен отпад се должни да изготват и да реализираат Програма за управување со отпад. Екоцентар 97 има стручно оспособени лица кои поседуваат лиценца за управител со отпад и согласно ваквата лиценца, со години успешно го менаџира секторот за отпад и рециклирање во многу компании.
Оваа услуга е достапна само доколку Екоцентар 97 го презема целиот отпад што го создава правното лице. Цената за овој вид услуга се формира врз основа на видот и количината на отпадот што се генерира на годишно ниво.