Отпадните кабли се значаен ресурс за идно производство на нови материјали од иста или слична употреба. Составот на каблите е во главно од бакар или алуминиум кои што имаат економска вредност и значајно е соодветно да се третираат со цел да се вратат во процесот на производство.
Но, отпадните кабли исто така содржат гума или пластика кои што претставуваат опасност за животната средината доколку се горат или несоодветно се третираат. Поради тоа каблите треба да се предадат на фирма која што е овластена за рециклирање на метали.
во Екоцентар 97 се користат посебни методи и соодветен опрема за делење на металот од изолацијата (гума или пластика) со што металите и изолацијата може да се процесираат во понатамошни фази на рециклирање.