ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСЕН ОТПАД

Опасен отпад е отпадот што содржи супстанции кои имаат едно или повеќе својства како што се: експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност итн. Како резултат на опасните супстанции кои ги содржи опасниот отпад тој претставува сериозен ризик за животната средина и здравјето на луѓето ако со него не се постапува правилно и безбедно.

Иако избегнување на создавање и намалување на количините на отпадот се најдобра практика, создавањето на опасен отпад е неизбежен нус-производ во индустријата. Со оглед на тоа, најдобро е да се побара решение за отстранување на опасниот отпад уште пред да се создаде. Управувањето со опасен отпад може да биде комплексно и да претставува сериозен трошок за компаниите, особено доколку компанијата континуирано генерира отпад. Неправилно постапување со опасен отпад може да нанесе големи штети на животната средина и здравјето на луѓето. Токму поради тоа управувањето со опасен отпад треба да се довери на професионални и искусни партнери како Екоцентар 97.

Најголем дел од опасниот отпад не може да се рециклира или повторно да се употреби и поради тоа мора да се уништи/согори или да се неутрализира. Со оглед на тоа што кај нас нема соодветно решение за уништување на опасниот отпад, најголем дел мора да се извезе за инсенерација во странство. Во последните неколку години Екоцентар 97 оствари соработка со најголемите инсенератори во Европа кои што се занимаваат со третман на опасен отпад и може да понуди решение за секаков тип на опасен отпад. Нашите партнери од Франција, Германија, Австрија и Швајцарија го третираат опасниот отпад со употреба на напредна технологија и на еколошки начин.

Екоцентар 97 има искуство со управување на опасен отпад што потекнува од органско-хемиска индустрија, фармацевтска, автомобилска, металургија, прехранбена и други.

ПОСТАПКА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОПАСЕН ОТПАД

Прва фаза: Идентификација и класификација на отпад

Со цел да се одреди метод и цена за уништување на опасниот отпад, потребно е точно да се идентификува за каков тип на отпад се работи.

Првичното идентификување се врши врз основа на Безбедносен Лист (MSDS) и/или хемиска анализа доставена од страна на клиентот. Во следен чекор се одредува потеклото на отпадот односно дали се работи за неискористени хемиски производи со поминат рок, за отпад настанат при одреден процес и сл. Исто така важно е да се одреди дали отпадните хемикалии се измешани со други супстанци (вода, масло, растворувачи, други опасни супстанци) бидејќи тоа влијае на изборот на метод на уништување, а со тоа и на цената.

Доколку се работи за мешавина, MSDS не е достапен или отпадот е настанат при одреден процес хемиска анализа на отпадот е задолжителна. Хемиската анализа треба да биде направена од страна на меѓународно акредитирана лабораторија со цел да биде прифатена од релевантните институции во земјата и во странство.

По комплетирање на горенаведените податоци, се одредува шифра на отпад и останати карактеристики на отпадот.

Во оваа фаза најдобро е да се направи посета на локацијата и да се увиди фактичката ситуација (моментално пакување, начин на складирање, количини и сл). Екоцентар 97 има искуство со идентификување и селектирање на опасен отпад од непознато потекло, како и со процесот на земање примероци и праќање во акредитирана лабораторија.

Втора фаза: Одредување на метод на уништување/неутрализирање и одредување на инсенератор

Во втората фаза се доставува барање до нашите партнери од Франција, Германија, Швајцарија и Австрија со цел да се одреди кој инсенератор може да го прифати и соодветно да го уништи отпадот. По добивање на цени и услови, се избира најповолна понуда.

Процесот на идентификување на отпад и подготвување на понуда може да трае од неколку дена до неколку седмици.

Трета фаза: Одредување на пакување за меѓународен транспорт

При транспорт, опасниот отпад мора да биде во соодветно пакување со цел да се избегне можно излевање или испарување, а воедно и да се запазат законските регулативи. Опасниот отпад се пакува строго во пакување со UN ознака.

Транспортот на опасен отпад се врши само со регистрирано АДР возило и го извршува возач со АДР дозвола.

Четврта фаза: Преземање и складирање на опасен отпад

Пред да се изврши преземање потребно е да се дадат информации во врска со моменталната состојба на отпадот (пристапност до отпадот, пакување, изложеност на надворешни услови и сл.). Потоа опасниот отпад се препекува соодветно и се складира во магацин со контролирана температура наменет само за опасен отпад.

Петта фаза: Подготвување и поднесување на документација за извоз и транзит на опасниот отпад

Најголем дел од опасниот отпад мора да се извезе и уништи/согори во инсенератор во странство. Во согласност со македонската и европската законска регулатива, потребно е да се подготви многу обемна документација и истата треба да се поднесе до соодветните институции во државата на извоз, во транзитните држави и во државата крајна дестинација. Екоцентар 97 има искуство со поднесување на документација за Нотификација за прекугранично движење на отпад и спроведување на постапката за извоз на опасен отпад.

Оваа постапка може да трае неколку месеци сметајќи од поднесувањето на документацијата до соодветните институции на сите засегнати држави.

ЗА НАС

Екоцентар 97 е компанија која што може да понуди сеопфатно решение за преземање на опасен и неопасен отпад од различни бизнис сектори и индустрии, вклучувајќи отпад од метали, ее-отпад, опасен отпад и др.

ИНФО

ЕКОЦЕНТАР 97

1632 бр.10/2, 1000 Скопје

+389 2 2551 068

contact@ekocentar97.mk

2021 EkoCentar97 ©

All Rights Reserved

mk_MK