УСЛУГИ

Екоцентар 97 соработува со некои од најголемите индустриски компании во Северна Македонија кои се главни генератори на опасен отпад и нуди сеопфатни услуги за отстранување на опасен отпад, вклучувајќи:

 

-        Идентификација и изнаоѓање на решение за третман на опасен отпад;

-        Преземање и сортирање на опасен отпад;

-        Транспорт на опасен отпад со ADR возило;

-        Препакување на опасен отпад;

-        Складирање на опасен отпад во магацин со контролирана температура;

-        Подготовка и поднесување на документација за извоз и уништување на опасен отпад;

-        Советодавни услуги во врска со постапување со опасен отпад;

-        Управување со ризик.

 

Во соработка со нашите партнери од Австрија, Германија, Франција и Швајцарија, Екоцентар 97 може да понуди решение за деконтаминација и ремедијација на загадени локации (органско загадување, тешки метали и сл.), идентификација на непознат опасен отпад, постапување со жива или радиоактивен отпад.

ДОКУМЕНТАЦИЈА

При секое преземање на опасен отпад, клиентот добива комплетна документација согласно законските прописи и тоа:

 

-        транспортен формулар;

-        заверен товарен лист;

-        идентификационен формулар;

-        кантарска белешка;

-        фактура;

-        записник за преземање. 

 

По потреба може да се изготви и методологија за постапување со одреден тип на отпад. Во случај кога опасниот отпад е предмет на извоз, постројката за уништување исто така издава Сертификат од Уништување (Certificate of Destruction) или друг документ кој служи како доказ за правилно постапување на отпадот.

ОПРЕМА

Екоцентар 97 поседува соодветна опрема за ракување со различни типови на опасен отпад, вклучуваjќи: aнти-статички пумпи, пластични и иноксни танквани, мобилно анти-статичко осветлување.

Екоцентар 97 користи преносливи детектори за гас MSA ALTAIR 5 Multi-gas и Honeywell BW Ultra Multi-Gas Detector кои што детектираат присуство на експлозивни гасови, токсични гасови, испарливи органски соединенија, неоргански соединенија и друго. При работа со опасен отпад, овие детектори континуирано се користат со цел да се избегнат несакани последици по здравјето на луѓето и животната средина.

Вработените поседуваат заштитна анти-статичка опрема (целосно одело, ракавици, чизми), гас маски со филтер за заштита од органски и неоргански гасови и пареи, киселински гасови, сулфур диоксид (SO2), Амонијак (NH3) и негови деривативи.

ЗА НАС

Екоцентар 97 е компанија која што може да понуди сеопфатно решение за преземање на опасен и неопасен отпад од различни бизнис сектори и индустрии, вклучувајќи отпад од метали, ее-отпад, опасен отпад и др.

ИНФО

ЕКОЦЕНТАР 97

Ѓорѓи Колозов бр. 10, 1000 Скопје

+389 2 2551 068

contact@ekocentar97.com

2023 EkoCentar97 ©

All Rights Reserved

mk_MK