Автомобилите и останатите возилата кои се неисправни, нефункционални или повеќе не ги задоволуваат критериумите на ЕКО стандардите за употреба исто така се предмет на рециклирање. Стручните лица на Екоцентар 97 првично ги демонтираат возилата, а потоа се сортираат металите, текстилот, стаклото, гумите како и опасните супстанци од маслата кои ги има во автомобилите.
Откупот на старите автомобили се врши по килограм, а Екоцентар 97 издава соодветна документација која што понатаму служи возилото да биде одјавено во надлежните министерства во земјата и странство.