Опасен отпад е отпадот што содржи супстанции кои имаат едно или повеќе својства како што се: експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност итн. Како резултат на опасните супстанции кои ги содржи опасниот отпад тој претставува сериозен ризик за животната средина и здравјето на луѓето ако со него не се постапува правилно и безбедно.
Иако избегнување на создавање и намалување на количините на отпадот се најдобра практика, создавањето на опасен отпад е неизбежен нус-производ во индустријата. Со оглед на тоа, најдобро е да се побара решение за отстранување на опасниот отпад уште пред да се создаде. Управувањето со опасен отпад може да биде комплексно и да претставува сериозен трошок за компаниите, особено доколку компанијата континуирано генерира отпад. Неправилно постапување со опасен отпад може да нанесе големи штети на животната средина и здравјето на луѓето. Токму поради тоа управувањето со опасен отпад треба да се довери на професионални и искусни партнери како Екоцентар 97.
Најголем дел од опасниот отпад не може да се рециклира или повторно да се употреби и поради тоа мора да се уништи/согори или да се неутрализира. Со оглед на тоа што кај нас нема соодветно решение за уништување на опасниот отпад, најголем дел мора да се извезе за инсенерација во странство. Во последните неколку години Екоцентар 97 оствари соработка со најголемите инсенератори во Европа кои што се занимаваат со третман на опасен отпад и може да понуди решение за секаков тип на опасен отпад. Нашите партнери од Франција, Германија, Австрија и Швајцарија го третираат опасниот отпад со употреба на напредна технологија и на еколошки начин.
Екоцентар 97 има искуство со управување на опасен отпад што потекнува од органско-хемиска индустрија, фармацевтска, автомобилска, металургија, прехранбена и други.