ПРОФИЛ
Компанијата Екоцентар 97 ДООЕЛ е основана во 1997 и оттогаш активно се занимава со управување на отпад и рециклирање. Благодарение на долгогодишното искуство во областа на управување со опасен и неопасен отпад, како и континуирано вложување во обука за вработените и современа опрема, Екоцентар 97 денес нуди сеопфатно решение за преземање на опасен и неопасен отпад од различни бизнис сектори и индустрии. Со искуството повеќе од 20 години, Екоцентар 97 денес има разновидна база на клиенти, вклучувајќи ги повеќето индустриски компании во земјата. Денес Екоцентар 97 успешно соработува со голем број домашни и меѓународни компании. Екоцентар 97 има долгорочна соработка со големи компании од различни сектори како: енергетски сектор, метали и рударство, автомобилска индустрија, фармацевтска индустрија, производство на храна и пијалаци, телекомуникации, финансии, рафинерии и снабдувачи на гориво и др.
ИСТОРИЈА
Согласно потребите на пазарот, Екоцентар 97 низ годините ја има проширено и својата дејност. На почетокот, основната дејност на компанијата беше собирање, селекција, примарна преработка и транспорт на секундарни суровини вклучувајќи необоени метали и обоени метали. Во соработка со долгогодишни партнери од Германија и Италија, најголем дел од отпадните метали се извезуваат. По донесувањето на Законот за управување со електричен и електронски отпад, отпадни батерии и отпадни тонери во Северна Македонија кој беше усвоен во 2012 година, компанијата основаше посебен сектор за складирање и преработка на овој вид опасен отпад. Дополнително, Екоцентар 97 има огромно искуство со рециклирање на отпадни возила и отпадни гуми, како и отстранување на акумулатори од автомобили. Препознавајќи дека сите овие материјали содржат опасни материи (тешки метали) за кои е потребен соодветен третман, а во исто време содржат компоненти што можат повторно да се употребат во производството, Екоцентар 97 разви дополнителни сектори за складирање и третман на вакви отпадни материјали. Во 2018 година, Екоцентар 97 основаше сектор за опасен отпад и разви мрежа на сигурни партнери за управување со опасен отпад низ цела Европа. Благодарение на соработката со најистакнатите постројки за третман и уништување на опасен отпад од Швајцарија, Германија, Австрија и Франција, Екоцентар 97 може да најде соодветно решение за најразлични типови на опасен отпад. Во моментот, Екоцентар 97 е водечка компанија за управување со опасен отпад во земјата и опслужува голем дел од индустриските компании.

1997

Основање на Екоцентар 97

2012

Сектор за ее-отпад

2013

Прв ISO сертификат

2015

Сектор за рециклириње на батерии и акумулатори

2018

Сектор за опасен отпад
ДОЗВОЛИ И СЕРТИФИКАТИ
Согласно законската регулатива, Екоцентар 97 ги поседува следните дозволи и сертификати за работа:
- Дозвола за вршење дејност складирање и третман на (опасен и неопасен) отпад Дозвола бр.Уп1-11/2-37/2018 издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ на 16.03.2018 год. со важност до 15.03.2023 година; - Решение за проширување  на  Дозволата за вршење дејност складирање и третман  на (опасен и неопасен) отпад бр.Уп1-31-1095/2020 од 30.09.2020;

- Дозвола за вршење дејност собирање и транспорт на комунален и други видови на отпад со Бр.04 заведена под број Уп1-23-1576/2017 издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ на 20.02.2018 со важност до 26.01.2023 год;

- Дозвола за вршење дејност собирање и транспорт на опасен  отпад со Бр.14 заведена под број Уп1-31-629/2020 издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ на 01.07.2018  со важност до 29.06.2030 год;

- Решение за проширување  на  Дозволата за собирање и транспорт на опасен  отпад број Уп1-31-629/2020 од 29.06.2020.

- Положен стручен испит за управување и/или постапување со отпад на 26.02.2014;

- Сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај валиден од Ноември 2010;

- Лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај валидна до 18 јуни 2024;

- Одобрение за вршење на превоз на опасни материи во патниот сообраќај издадена од Министерство за транспорт и врски на Република С. Македонија валидно до март 2022;

- ADR сертификат за обука на возачи за стручна способност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи.

- ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ISO 18001:2007 и ISO 50001:2011

ТИМ
Тимот на Екоцентар 97 го сочинуваат 35 професионалци со богато искуство и познавање во полето на рециклирање и ракување со опасен и неопасен отпад. Во зависност од својата позиција, вработените ги поседуваат потребните вештини и квалификации за ефикасно извршување на зададените задачи. Вработените добиваат континуирана обука во зависност од типот на отпад со кој што ракуваат и потребите на клиентите. Главен фокус на нашите обуки е Здравје и безбедност при работа и управување со тешка машинерија.

ОПРЕМА

Возила

Со цел поефикасно извршување на работните активности, компанијата има сопствена логистичка мрежа на возила кои вклучуваат пет товарни возила, четири багери, три камиони со кран (капацитет за подигнување од 2 тона, носивост од 12 тони), четири виљушкари, комбиња, мали товарни возила и др. Нашата компанија има и товарни возила со ADR дозвола кои се специјализирани за транспорт на опасни материи.

Опрема за ракување со опасен отпад

Екоцентар 97 поседува соодветна опрема за ракување со различни типови на опасен отпад, вклучуваjќи: aнти-статички пумпи, пластични и иноксни танквани, мобилно анти-статичко осветлување. Дополнително, возилата и машините кои се користат имаат инсталирано искрофаќачи.

При работа со опасен отпад се преземаат сите потребни мерки со цел да се избегнат несакани последици по здравјето на луѓето и животната средина. Континуирано се користат преносливи детектори за гас MSA ALTAIR 5 Multi-gas и Honeywell BW Ultra Multi-Gas Detector кои што детектираат присуство на експлозивни гасови, токсични гасови, испарливи органски соединенија, неоргански соединенија и друго.

Вработените поседуваат заштитна анти-статичка опрема (целосно одело, ракавици, чизми), гас маски со филтер за заштита од органски и неоргански гасови и пареи, киселински гасови, сулфур диоксид (SO2), Амонијак (NH3) и негови деривативи.

Друга опрема

Компанијата располага и со опрема и машини во кои се вбројуваат преса за балирање, рачни и моторни виљушкари, дигалки и слично. Исто така има и разновидна опрема и алатки за расклопување и сортирање на електричен и електронски отпад, како и XRF (x-ray fluorescence) спектрометар.

МИСИЈА

Мисијата на Екоцентар 97 е да биде иновативен и сигурен партнер за своите клиенти и да обезбеди професионални и квалитетни услуги. Со тоа, ние и нашите клиенти заедно рециклираме и учествуваме во заштита на животната средина.

Мисијата ја остваруваме преку континуирана обука на нашите вработени, следење на светските трендови и имплементирање на нови, иновативни практики.

ВИЗИЈА

Визијата на Екоцентар 97 е чиста животна средина кон која се стремиме преку намалување на количеството на отровни и опасни материјали во природата, како и нивните негативни ефекти врз животната средина.

Екоцентар 97 е општествено одговорна компанија која што со години е активно вклучена во промовирање на индивидуална и корпоративна одговорност, како и промовирање на одржливи, еколошки, здрави и економични практики кои што позитивно влијаат на целокупното општество.  Нашата компанија се залага за рециклирање, бидејќи со тоа отпадот да се претвора во ресурс корисен во производство на нови материјали.

Со цел да промовира здрав начин на живот, нашата компанија дава поддршка за многубројни културни манифестации и спортски настани како велосипедизам, планинарење, бокс, фудбал и ракомет.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Во Екоцентар 97, ние сме посветени на обезбедување висококвалитетни услуги за управување со отпад што ги исполнуваат и надминуваат очекувањата на нашите клиенти и останати засегнати страни. Нашата посветеност на квалитетот е основа на нашето работење и се рефлектира во секој аспект од нашата испорака на услуги.

Ние сме посветени на:

Задоволство на клиентите: Приоритет ни е задоволството на клиентите кое целиме да го постигнеме преку разбирање на нивните потреби, обезбедување безбедни, навремени и ефикасни решенија за управување со отпад и одржување на отворена комуникација.

Усогласеност и стандарди: Строго се придржуваме до сите релевантни закони, стандарди и најдобри практики во управувањето со отпадот. Нашите услуги се спроведуваат со главен фокус на еколошките принципи, безбедноста и законската усогласеност.

Континуирано подобрување: Поддржуваме култура на постојано подобрување на нашите услуги со редовна евалуација на ефикасноста на нашите процеси, идентификување области за подобрување и имплементирање на корективни и превентивни активности за да се поттикне најквалитетна услуга.

Развој на вработените: Ги цениме нашите вработени како клучни придонесувачи за нашиот успех. Екоцентар 97 им ја обезбедува потребната обука и ресурси за едукација. Воедно, ги мотивираме вработените да се вклучат во активностите поврзани со подобрување на квалитетот и да придонесат со своите предлози.

Иновации и ефикасност: Активно ги следиме новите иновации и технологија за да ги оптимизираме нашите процеси за управување со отпад, да ја подобриме ефикасноста и да го минимизираме влијанието врз животната средина, обезбедувајќи одржливи практики во сите наши операции.

Соработка со добавувачи: Одржуваме долгогодишна соработка со нашите добавувачи и партнери, преку воспоставување на силни врски, отворена комуникација со цел да се одржат истите високи стандарди за квалитет и доверливост кои што ги одржуваме интерно во нашата компанија.

Управување со ризик: Ние проактивно ги идентификуваме и намалуваме ризиците поврзани со квалитетот, влијанието врз животната средина, здравјето и безбедноста, обезбедувајќи безбедна и сигурна работна средина за нашите вработени и за останатите засегнати страни.

Оваа Политика за квалитет служи како рамка за поставување и преглед на целите за квалитет, осигурувајќи се дека постојано ги подобруваме нашите процеси и услуги, а спроведување на политиката за квалитет останува одговорност на секој вработен во Екоцентар 97.